Search

Брегзитот може да значи крај на „Еразмус плус“ за Британците

Членството на Велика Британија во популарната европска студентска програма „Еразмус плус“ е доведено во прашање и предизвикува загриженост кај малдите Британци на интернет. Британските пратеници го отфрлија амандманот во парламентот кој ќе ја принудеше владата да преговара да остане во „Еразмус плус“ по брегзит.

Новата клаузула 10, која беше воведена во Долниот дом, од страна на пратеничката на либералдемократите, Лејла Моран, доцна во средата беше поразена со 344 гласови наспроти 254.

Амандманот на Моран бараше од владата на Борис Џонсон да преговара за продолжување на целосното членство во програмата за едукација за размена, која се спроведува од 1987 година и им овозможува на милиони Европејци да учат и да се обучуваат во странство.

Во периодот 2014-2020 година преку програмата „Еразмус плус“ потрошени се 14,7 милијарди евра за грантови за Европејците да студираат во странство.  Само за британските студенти издвоени биле околу милијарда евра. Во 2018 година, ЕУ гласаше за продолжување на програмата до крајот на 2027 година и го удвои нејзиниот буџет на 30 милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави