Search

Брегалница со минимална предност ќе патува на реваншот од Купот

Фудбалерите на Брегалница со 1:0 го победија второлигашкиот ривал Лабуништа во првиот нивен меч од четвртфиналето на Купот.

Штипјани на овој вечерашен дуел кој се играше под рефлектори, до мининалната победа дојдоа со погодок во 51 минута, а стрелец беше Мартин Стојанов.

Во другите три денешни мечеви од Купот, постигнати беа следните резултати: Шкендија – Работнички 1:1, Шкупи – Академија Пандев 0:1, Струга Трим Лум – Ренова 0:0. Реваншите се закажани за 4 април.

Треба да знаете
Последни објави