Search

Брајан Мeј објави песна „Нови хоризонти”

Гитаристот од легендарната рок група Квин, Брајан Мeј напиша песна за мисијата на НАСА – „Нови хоризонти”, при која сондата на 1 јануари 2019 достигна најдалеку во Сончевиот Систем.

Музичарот ја објави песната во моментот кога сондата мина најблиску до астероидот наречен „Ултима Тул” (Крајот на светот). Тој истакна дека песната е посветена на љубопитството и истрајноста на човештвото да стигне колку е можно подалеку.

Меј, како страстен љубител на астрономијата, во 2007 година се врати на факултет за да ја одбрани својата докторска дисертација по астрофизика.

Треба да знаете
Последни објави