Search

Брачна двојка им испрати фактура на гостите што не дошле на свадбата

Младиот брачен пар Даг Симонс и Дедра Мекги одлучија по свадбената церемонија да испратат казна на сите гости кои не дојдоа, во форма на фактура.

Сите гости кои не дојдоа добија е-маил фактура во износ од 240 долари, со образложение дека се работи за парична казна за местото кое било платено за нив, а тие не се појавиле, ниту пак однапред кажале дека нема да дојдат.

„ Го потврдивте вашето присуство на венчавката, а потоа не се појавивте. Ги плативме вашите места однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, благодарам”, стои во нивното прилично официјално писмо.

Сметката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика вистинска дебата меѓу луѓето. Додека некои мислат дека ова е претерано и грубо, на некои пак им е жал што не им текнало на оваа идеја кога имале свадба.

Жал ми е што и јас не се сетив на тоа. Јас и мојот сопруг скапо ја плативме храната што подоцна беше фрлена, бидејќи гостите не се појавија”, коментира една жена.

„Не треба да го правиш ова, ќе изгубиш пријатели“, напиша друг човек.

Двојката се обрати откако нивната сметка стана популарна.

„ Четири пати ги прашавме гостите дали можат да дојдат и сите одговорија дека можат. Плативме однапред, а тие не се појавија. Не се грижевме за парите, туку за тоа како се чувствувавме на нашиот голем ден. Тоа е изразување непочитување кон нас. На крајот, ние не би зеле ничии пари, но сакавме да им покажеме дека тоа не е во ред “, рекле тие за „The Post“.

Треба да знаете
Последни објави