Search

Братучедот на Драган Вучиќ кој се излекува од Ковид 19 даруваше крвна плазма

Братучедот на популарниот пејач и водител Драган Вучиќ, кој пред повеќе од еден месец почина поради компликации од Ковид 19 на скопската Инфективна клиника, Благоја Вучиќ донираше крвна плазма, откако претходно беше излекуван од заразниот корона вирус, објави „Фокус“.

Тој заедно со Драган на почетокот на мај биле хоспитализирани на Клиниката за Инфективни болести. Благоја бил со средно тешка клиничка слика, со наод на бели дробови и ставен на кислородна поддршка.

Тој е со крвна група А-позитив. Сепак, неговата здравствена состојба се подобрила, ја победил битката со вирусот и во текот на вчерашниот ден дарувал крвна плазма со цел да се спасат повеќе пациенти кои се носители на опасниот вирус.

Фото: Фокус

Треба да знаете
Последни објави