Search

Братот на покојниот диџеј Ицко донираше плазма

Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски-диџеј Ицко кој ја загуби битката со Ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош“, изјави Владимир, брат на популарниот диџеј.

Владимир исто така бил заразен со коронавирус, стои во Фејсбук објавата на министерот за здравство, Венко Филипче.

-Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест, рече Владимир.

Треба да знаете
Последни објави