Search

Братот на Гвардиола го откри следниот чекор на трофејниот стратег

Фудбалскиот агент Пере Гвардиола зборуваше за иднината на неговиот постар брат Пеп Гвардиола.

Тренерот во моментов е задолжен за англискиот Манчестер сити, но по некое време сонува да работи на друго место.

Трофејниот поранешен тренер на Барселона и Баерн Минхен сака да стане селектор.

– Пеп сонува еден ден да води репрезентација. Ќе видиме што ќе се случи. Треба да го процениме моментот кога тој ќе го добие конкретниот предлог. Во оваа фаза е рано да се зборува за тоа, рече помладиот брат Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави