Search

Бразил: Речиси три милиони заразени со Ковид-19, над 99 илјади смртни случаи

Досега се потврдени речиси три милиони луѓе заразени во Бразил- 2.962.442 со новиот коронавирус, а од почетокот на пандемијата починале 99.572. Во изминатите 24 часа потврдени се 50.230 случаи на коронавирус, а како резултат на инфекцијата починале уште 1.079 лица, соопшти Министерството за здравство на таа држава.

Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени и смртни случаи, по САД.

Епидемијата на Ковид-19 продолжува да се шири низ целиот свет, а Јужна Америка и Карибите поминаа најлошо, бидејќи бројот на смртни случаи вчера во регионот го надмина вкупниот број на жртви од инфекција со коронавирус во Европа.

Пандемијата однесе повеќе од 715.000 животи, заразувајќи над 19 милиони луѓе на планетата откако канцеларијата на Светската здравствена организација во Кина ја пријавила оваа болест кон крајот на декември.

Најголем број на жртви имаат Јужна Америка и Карибите: најмалку 213.120, следува Европа со 212.660 смртни случаи, со податоци од вчера.

Во изминатите седум дена, речиси секој втор смртен случај од Ковид-19 во светот (44 проценти) се случи во Јужна Америка.

Мексико стана трета земја во светот по бројот на заразени и жртви, надминувајќи го бројот 50.000 мртви (50.517), со 462.690 потврдени случаи, многу повеќе отколку што предвидуваше владата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор,која е цел на остри критики.

Колумбија, каде што вирусот се појави во почетокот на март, има повеќе од 12.000 смртни случаи до вчера.

Во Куба, која пријави најголем број заразени лица во еден ден за три месеци, властите вчера повторно го ограничија движењето на автомобили и луѓе во Хавана.

Треба да знаете
Последни објави