Search

Бразил подобар од САД во дербито од Светскиот куп во одбојка

Одбојкарите на Бразил беа поуспешни од САД во дерби дуелот од седмата рунда на Светскиот куп кој се игра во Јапонија. Бразилците денеска славеа со 3:0 и го задржаа максималниот ефект на лидерската позиција на табелата. Американците го претрпеа вториот пораз.

Резултати: Аргентина – Канада 3:0, Полска – Египет 3:0, Тунис – Иран 0:3, Италија – Австралија 3:0,
САД – Бразил 0:3.

Во последниот денешен меч ќе се соочат домаќинот Јапонија и Русија.

Табела: Бразил 21 бод, Полска 18, САД 16…

Треба да знаете
Последни објави