Search

Бразил нема да интервенира во Венецуела

Потпретседателот на Бразил, Хамилтон Мурао изјави дека неговата држава го признава опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за претседатаел на Венецуела, но отфрли можност за бразилско учество во евентуална воена интервенција против Владата на Николас Мадуро.

– Мешање во внатрешни работи на други држави не е наша надворешна политика, изјави Мурао.

Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека Бразил „политички и економски ќе поддржи процес на транзиција за да се вратат демократијата и социјалниот мир во Венецуела”.

Тоа соопштение беше објавено и преку Твитер од претседателот Жаир Болсонаро кој е жесток критичар на Владата на Мадуро која ја нарекува „диктатура”.

Според Мурао, политичката поддршка за која се зборува во соопштениео се гледа „токму во одлуката” на Болсонаро да го признае Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела.

Во изминатите три години, повеќе од 100.000 граѓани на Венецуела преминаа во Бразил поради економската криза во нивната држава.

Треба да знаете
Последни објави