Search

Бразил: За Амазонија 245 милиони американски долари средства од криминална истрага

Претседателот на бразилскиот Сенат, Дави Алколумбре објави денеска дека потпишал договор со Врховниот суд со кој ќе бидат одвоени една милијарда реали (245 милиони американски долари) за заштита на „Амазонија”, пари што се запленети во истрагата „миење автомобили”.

„Им благодарам на сите институции вклучени во овие преговори. Да ја спасиме нашата Амазонија”, напиша Алколумбре на Твитер.

Операција „миење коли” е истрага што се води од 2014 година против полу-државната бразилска нафтена компанија Петробрас поради корупција.

Бразилските власти беа критикувани во странство за нивната слаба реакција на пожарите што беснеат во „Амазонија”, што се смета за последен бедем во одбраната против климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави