Search

Бразилскиот претседател го номинира својот син за амбасадор во САД

 Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вчера соопшти дека својот син Едуардо го предложил за амбасадор во САД, пренесоа светските агенции.

Болсонаро изјави дека неговиот син, кој во моментов е пратеник, треба да одлучи дали сака да ја преземе дипломатската должност.

Бразилскиот претседател, кој кажува дека неговата претседателска кампања минатата година била инспирирана од американскиот претседател Доналд Трамп, направи неколку пријателски гестови кон својот американски колега и слично како него назначува членови од семејството за официјални советници.
Треба да знаете
Последни објави