Search

Бразилскиот претседател во болница добил пневмонија

Претседателот на Бразил, Жаир Болсаонаро, има воспаление на белите дробови, пренесоа лекарите од болницата во Сао Паоло.

Во соопштението од болницата „Алберт Ајнштајн“ се вели дека воспалението на белите дробови било откриено во средата вечер, кога претседателот добил треска.

Болсонаро е во болница од минатата недела, кога беше опериран. Имено, минатата година тој беше прободен со нож, па му беше вградена колостомија, што сега е отстранета.

Портпаролот на претседателот, рече дека сé уште не се знае дали Болсонаро ќе го продолжи својот престој во болницата поради пневмонијата. Тој, исто така, додаде дека претседателот и натаму е на течна исхрана и дека со нетрпение очекува да јаде стек и помфрит кога ќе се подобри неговата состојба.

Болсонаро на „Твитер“ објави снимка од изјавата на неговиот портпарол, со опис: „Чувајте се од сензационализам. Многу сме опуштени и остануваме силни“.

Тој треба да биде отпуштен од болницата следниот понеделник.

Треба да знаете
Последни објави