Search

Бразилската армија се распоредува за ганење на пожарите во Амазонија

Со поддршка на воени авиони, бразилските војници почнаа да се распоредуваат низ прашуми во Амазонија за да се борат со пожарите што го зафатија регионот со рекорден интензитет.

Првата мисија ќе ја извршат 700 војници околу Порто Веља, главниот град на бразилската држава Рондонија, изјави министерот за одбрана Фернандо Асеведо.

Шест бразилски држави побарале федерална помош, додаде министерот. Тоа се Рондонија, Рораима, Токантинс, Пара, Акра и Мато Гросо.

Вкупно ќе бидат распоредени 44.000 војници за гаснење пожари, а два авиона Ц-130 Херкулес ќе користи војската.

Треба да знаете
Последни објави