Search

Бојлерот може да убие: Зошто тој може да експлодира и како да се туширате безбедно

Често можеме да слушнеме предупредувања да го исклучуваме бојлерот кога се тушираме, а стравот од негово расипување не е неоправдан, тврдат експертите.

Познато е дека во случај на експлозија, бојлерот може тешко да ве повреди или убие.

Според зборовите на стручните лица, бојлерот најчесто експлодира кога е неисправен. Оној кој е исправен и правилно одржуван, никогаш нема да експлодира, дури и ако не се одржува во беспрекорна состојба, бидејќи има три видови на заштита. Дури кога сите три ќе откажат, тогаш доаѓа до уништивање на истиот, кој во тој момент претставуваат голема опасност.

Понатаму се наведува дека во случај на неконтролирано загревање на водата, кое може да се препознае по зуењето и вриење на водата и се слуша од бојлерот, прво што треба да направите е да го прекинете доводот на струја, доколку и на термометарот видите превисока температура, под услов и тој да е исправен.

Струјата можете да ја исклучите и преку прекинувачот на електрична вода, преку кој се полни бојлерот. Во случај да нема таков прекинувач, исклучете го осигурувачот на кој е поврзан бојлерот. Со оглед на тоа дека болјерот е под притисок и напон во кој има вода, се советува да го исклучувате додека се капете или туширате.

Доколку бојлерот е потполно исправен и доколку заземјувањето е добро направено, тогаш е совршено безбедно да го оставите болјерот вклучен. Експертите велат дека до струен удар доаѓа ако за време на туширањето или капењето е вклучен бојлер кој има лошо заземјување.

Кога се врши технички прием на зградата или куќата, пракса е секогаш со посебни уреди да се контролира заземјувањето.

Сепак, експертите советуваат, без оглед на тоа дали заземјувањето е добро или не, бојлерот секогаш да се исклучи пред влегување во када!

Треба да знаете
Последни објави