Search

„Бош“ ќе плати 90 милиони евра казна поради штетните гасови

Германскиот снабдувач на автоделови, компанијата „Бош“, се согласи да плати 90 милиони казна поради пропусти во обврските за надзор, што на производителите на автомобили им овозможи да манипулираат со емисијата на штетни гасови, соопшти денес обвинителството во Штутгарт.

Скандалот, популарно наречен „Дизелгејт“, во кој автомобилските компании користеа софтвер за фалсификување на податоците за тестирање на емисиите на издувни гасови, беше реализиран со помош на технологијата на „Бош“, според „Ројтерс“.

Од „Бош“ ја прифатија казната и нема да се жалат на одлуката, велат од обвинителството.

Германски „Фолксваген“ користеше елементи на софтверот на „Бош“ за да ги замаскира нелегалните емисии на штетни гасови во своите дизел-автомобили.

Треба да знаете
Последни објави