Search

Бош: Казните само го влошуваат проблемот

Шефот на каталонската дипломатија Алфред Бош денеска изјави дека затворските казни за каталонските лидери не го решаваат проблемот туку само го влошуваат и апелираше за меѓународен дијалог и дипломатско решавање на проблемот помеѓу покраината и Шпанија.

– Затворските казни наметнати за каталонските лидери претставуваат историска грешка, која наместо да го решава проблемот, само го влошува проблемот, посочи Бош.

Тој оцени дека меѓународната заедница мора да заземе активна улога во решавање на проблемите помеѓу Каталонија и Шпанија и оти „никој не смее да молчи пред оваа кршење на основните човекови права”.

– Владата на Каталонија отсекогаш е на став дека овој судир не може да се реши со понатамошен судир и апелира на меѓународен дијалог и демократско решение, истакна Бош.

Тој додаде дека одредени поединци се судени само поради нивните политички идеи.

Шпанскиот Врховен суд денеска осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти за човекови права на казни од девет до 13 години затвор поради нивната улога во неуспешното прогласување на независноста на Каталонија во 2017 година.

Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.
Поранешниот претседател на каталонската Влада, Ориол Хонкурес е осуден на 13 години затвор заради бунт и злоупотреба на јавните фондови.

Треба да знаете
Последни објави