Search

Бошњаковски: 400 страници документација е прибрана за екстрадицијата на Груевски

Над 400 страници документација е прибрана досега, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција информира дека веќе е започнат процесот за барање за екстрадиција. ,

,Министерството за внатрешни работи до Министерството за правда ја има доставено информацијата дека бегалецот Никола Груевски е во Будимпешта. Министерството за правда веќе од надлежните судови ја прибира документацијата во однос на случајот, таа ќе биде комплетирана, преведена соодветно  и доставена до унгарските надлежни органи, во случајов Министерството за правда на Унгарија.

Во документацијата ќе има и обраложение зошто Никола Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија, се работи за обемна документација, над 400 страници меѓутоа без оглед на тие страници ова барање ќе биде и официјално доставено до Унгарија во текот на овие денови”, изјави Бошњаковски.

 

Треба да знаете
Последни објави