Search

Бочварски: ДУП за Расадник не е одобрен, сега е време фелата и граѓаните да реагираат

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска им упати совет на граѓаните од Општина Кисел Вода, урбанистите и советниците да реагираат доколку сметаат дека Деталниот урбанистички план, со кој во Расадник (градска четврт Ј-14) се планирани 90-ина згради, е против нивните интереси.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Бочварски рече дека тој ДУП сѐ уште не е донесен и сега е моментот преку јавноста и граѓаните да се работи на усогласување со реалните потреби.

„Сега е моментот за фелата, советниците и граѓаните. Откако ќе биде одобрен од советниците, потоа тој доаѓа на согласност во Министерството, каде што се гледа усогласеноста и со законите, но не навлегуваме во интересите на општините. Таков е законот. Ние вршиме контрола со која не сме дозволиле во изминатите месеци и години да поминуваат ДУП на брза лента без да се направи увид во одреден проблем, рече Бочварски.

Треба да знаете
Последни објави