Search

Бочварски ги прими двајцата европски медалисти, каратистот Павлов и борачот Егоров

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет ги прими двајцата европски медалисти, каратистот Емил Павлов од КК „Штип” и борачот Владимир Егоров од БК „Балканец”.

Се разговараше за нивниот успех и идните предизвици со кои ќе се соочат. Градоначалникот Бочварски потенцираше дека Општина Штип стои на располагање за секаква помош, бидејќи овие двајца спортисти се амбасадори на Штип и затоа поддршката е голема.

Се работи за двајца успешни спортисти коишто и во изминатите неколку недели имаа успешни натпревари на европските првенства и донесоа бронзени медали.

Општина Штип е единствениот град во Република Северна Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму,” изјави Бочварски.

Емил Павлов и Владимир Егоров ја искажаа својата благодарност за овој прием и потенцираа дека резултатите ќе продолжат и во иднина со што ќе носат радост на Штип и на државата.

Треба да знаете
Последни објави