Search

Ботас ја освои пол-позицијата во Баку

 Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, оствари најдобро време во квалификациите за Големата награда на Азербејџан. Ботас извози најбрз круг со време 1:40.495 минута.

Од втората стартна позиција ќе тргне неговиот тимски колега и актуелен светски шампион Луис Хамилтон.

Тројката ја затвора пилотот на Ферари, Себастијан Фетел.

Од четвртата стартна позиција ќе тргне Макс Верстапен од Ред Бул, Серхио Перез од Рејсинг Поинт стартува од петтата позиција, а по нив следуваат Квајт, Норис, Џовинаѕи, Раиконен,…

Главната трка од Формула 1 шампионатот за „Големата награда на Азербејџан” ќе почне утре во 14:10 часот.

Треба да знаете
Последни објави