Search

Бостон ќе го повлече дресот со бројот 5 во чест на Гарнет

Кошаркарскиот НБА-лигаш Бостон селтикс донесе одлука да го повлече дресот со број 5 во чест на својот легендарн играч Кевин Гарнет.

Гарнет настапуваше во тим на Бостон од 2007 до 2013 година и за тоа време успеа да освои еден шампионски прстен во 2008 заедно со Реј Ален и Пол Пирс.Во дресот на Бостон, Гарнет одигра 396 меча и во просек постигнуваше по 15,7 поени, 8,3 скокови и 2,7 асистенции.

-Чест ми е и благодарен сум што мојот број ќе биде пензиониран во Бостон. Секогаш ќе имам голема почит и благодарност до сопствениците, моите поранешни соиграчи и навивачите, рече Гарнет за потегот на Бостон.

Треба да знаете
Последни објави