Search

Бостон со „брејк“ во Мајами стигна на победа од големото финале

Кошаркарите на Бостон селтикс дојдоа на една победа од пласман во големото финале во НБА лигата откако во петтиот натпревар во финалето на Источната конференција славеа на гости против Мајами хит со 93:80. По триумфот на Флорида, екипата на Бостон води со 3:2 во победи во серијата кој прв до четири триумфи.

Натпреварот беше решен со неверојатната серија на Бостон од крајот на втората четвртина па се до средината на третиот дел од 24:2 со која поведе со 83:60 и ги реши дилемите околу победникот.

Најефикасни кај Бостон беа Џејлен Браун со 25 поени, Џејсон Тејтум со 22 поени, 12 скокови и 9 асистенции и Ал Хорфорд кој постигна 16 поени.
Во редовите на Мајами, Бем Адебајо имаше дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови, а Гејб Винсент постигна 15 поени.

Наредниот шести натпревар во серијата се игра во ноќта помеѓу петок и сабота со почеток од 2.30 часот.
Во Западната конференција, Голден Стејт вориорс води со 3:1 во победи против Далас маверикс.

Треба да знаете
Последни објави