Search

Борут Пахор со мегафон ги посетува домовите за нега на стари лица во Словенија погодени од коронавирусот

Словенечкиот претседател Борут Пахор веќе неколку денови со мегафон ги посетува старечките домови ширум земјата со цел да ги охрабри и мотивира пензионерите да издржат во борбата со епидемијата на коронавирусот. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Пахор денеска го поседи Домот за стари лица во Постојна, а преку мегафон од дворот на објектот на пензионерите им порача да бидат храбри и дека сè ќе биде во најдобар ред.

– Чувствував потреба лично да дојдам и на овој начин да зборувам со старите лица тука. Тие на телевизија гледаат дека нивните домови се жаришта на заразата и некои од нив мислат дека тие се виновни за ваквата ситуација, изјави Пахор за Телевизија Словенија.

Инаку, домовите за нега на стари лица во Словенија се местата со најмногу заразени со коронавирусот, а како последица од Ковид-19 веќе починаа повеќе станари во овие објекти.

Треба да знаете
Последни објави