Search

Борусија Дортмунд и се налути на Барселона оти ќе игра со „втор“ тим против Интер

Со денешните први осум натпревари од 6. коло во групната фаза во фудбалската Лига на шампионите почнува да се спушта завесата на овој дел од најелитното клупско натпреварување, по што напролет следува нокаут-фазата со осминафиналните дуели. Пред да се одиграат последните 90 минути од групната фаза пласманото во осминафиналето го имаат верификувано: ПСЖ и Реал Мадрид (А група), Баерн Минхен и Тотенхем (Б група), Манчестер сити (Ц група), Јувентус (Д група),  Барселона (Ф група) и Лјапциг (Г група).

Вечерва први ќе им се придружат претставниците од Е групата, кои своите натпревари ги почнуваат во 18.55 часот. Наполи го пречекува Генг, а актуелниот бранител на титулата Луиверпул му гостува на Салцбург. Иако е лидер во групата со два бода предност пред Наполи и три пред Салцбург, Ливерпул за да продолжи со одбраната на трофејот во елитното натпреварување несмее да ризикува да загуби од австрискиот тим, бидејќи на крајот ќе имаат ист број бодови, па загрозен ќе му биде конечниот пласман, бидејќи меѓусебниот скор според кој ќе се утврдува пласманот на табелата не му е наклонет пред дуелот, оти во првиот меч „црвените“ победија со 4:3. Наполи кој е во криза ќе има полесна задача пред своите гледачи со белгискиот Генк.

Во подоцнежнопт термин од 21 часот се играат преостанатите шест меча. Во групата Ф, шпанскиот првак Барселона откако го обезбеди пласманот во нокаут-фазта во минатото коло, најавува гостувањ во Милано кај Интер со шарен состав. Тоа го налути бундеслигашот Борусија Дортмунд кој има ист број бодови со Интер но послаб меѓусебн скор во трката за втората позиција. Тренерот на тимот од „Камп Ноу“ Ернесто Валверде одлучи да го поштеди од овој натпревар најдобриот играч Лионел Меси, а со тимот во Милано нема да бидат и Жерард Пике и Сержи Роберто. Можно е и првиот голман Марк-Андре тер Штеген да остане на клупата и на негово место шанса ќе добие вториот чувар на мрежата, Нето.

-Барселона не игра фер. Требаше во Милано денеска да отпатува во најсилен состав и да остави работите во групата да се решат со играта на теренот – велат од Борусија.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар со Интер.

– Претпоставувам дека Интер ќе игра со оптималната постава и ќе се обиде да ги освои трите бода. На „Камп Ноу”, противникот го искомпликува нашиот живот до крај. Сега дојдовме во Италија, каде што имаме намера да влеземе во битката. Ова е важен тест за нашиот тим. Да, веќе стигнавме до плеј-офот. Но, нашата задача не се менува – сакаме да победиме. Почнавме да победиме. Со оглед на ова, како и претстојните натпревари, решив да му дадам пауза на Лионел Меси. Минатата година имавме одличен натпревар тука, иако игравме и без Меси, изјави Валверде.

Во Г група, Лајпциг е сигурен патник поради подобриот меѓусебен скор од еден од конкурентите Зенит, но неизвесно е на кое место, прво или второ ќе заврши, а кандидати за другата позиција се Зенит и Лион, додека пак Бенфика нема шанси за првите две места, но може да се андева на третата позција и Лига Европа.  Х групата отворени се сите опции, како за патниците во осминафиналето од ЛШ, така и за третопласираниот тим кој ќе продолжи во нокаут-фазата од второто по ранг клупско натпреварување Лига Европа.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕАВРИ И ТАБЕЛИ

Е група (18.55 ч.): Наполи – Генк, Салцбург – Ливерпул.

Табела: Ливерпул 10 бода, Наполи 9, Салцбург 7, Генк 1.

Ф група (21 ч.): Борусиоја Дортмунд – Славија Прага, Интер – Барселона.

Табела: Барселона 11 бода, Интер 7, Борусија Дортмунд 7, Славија Прага 2.

Г група (21 ч.): Лион – Лајпциг, Бенфика – Зенит.

Табела: Лајпциг 10, Зенит 7, Лион 7, Бенфика 4.

Х група: Челси – ЛОСЦ Лил, Ајакс – Валенсија.

Табела: Ајакс 10, Валенсија 8, Члеси 8, ЛОСЦ Лил 1.

Треба да знаете
Последни објави