Search

Борис Џонсон: Протестите ги презедоа насилни екстремисти, не можеме да го цензурираме минатото

Борис Џонсон рече дека протестите против расизмот во Велика Британија се преземени од екстремистите за да вршат насилство.

Британскиот премиер изјави дека апсурдно и срамно е демонстрантите да  ја загрозуваат статуата на Винстон Черчил.

Коментирајќи ги демонстрациите „Животите на црнците се важни“ предизвикани од смртта на Џорџ Флојд во САД, Џонсон на „Твитер“ напиша дека единствената одговорна постапка е да се избегнуваат овие протести.

„Не можеме да го уредуваме или цензурираме нашето минато сега. Не можеме да се преправаме дека сме имале различна историја. Статуите во нашите градови и места беа поставени од претходните генерации“, додаде Џонсон, пренесува „Скај њуз“.

„Статуата на Винстон Черчил е траен потсетник за неговиот успех во спасувањето на оваа земја – и цела Европа од фашистичка и расистичка тиранија. Апсурдно е и срамно што на овој национален споменик денес му се закануваат напади од насилните демонстранти. Да, понекогаш изразувал мислења кои за нас денес се неприфатливи, но тој беше херој и целосно го заслужува неговиот споменик“, напиша премиерот.

Треба да знаете
Последни објави