Search

Борис Џонсон е хоспитализиран поради коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон е примен на лекување в болница, десет дена откако неговиот тест за коронавирус се покажа позитивен, објави Би Би Си.

– Џонсон продолжува да има постојани симптоми на коронавирусна инфекција, истакна портпарол на Даунинг стрит.

Тој објасни дека хоспитализирањето на Џонсон претставува „превентивна мерка”, преземена по совет на личниот лекар на британскиот премиер.

Џонсон останува да ја предводи Владата и ги повика граѓаните да ги почитуваат неговите совети за социјално дистанцирање.

Бремената свршеница на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Симондс имала симптоми на коронавирусот и изминатите седум дена ги поминала во самоизолација но сè уште не се тестирала.

Треба да знаете
Последни објави