Search

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември, и го претстави зимскиот план за Ковид-19. Попуштањето на мерките ќе го замени системот со три нивоа.

Некои правила ќе се заострат, но ќе се отворат спортските сали и продавниците и ќе се продолжи работното време за пабови и ресторани.

Тековната блокада ќе го замени системот со три рангирања. Во првиот ранг ќе бидат оние кои можат да работат од дома. Вториот ранг ќе значи дека може да се отворат само пабови кои служат храна. Третиот ранг ќе значи дека сè освен испораките ќе биде затворено. Џонсон рече дека му е жал што некои делови од земјата ќе бидат под построги ограничувања.

Според него, Велика Британија сака, има потреба и заслужува „еден вид Божиќ“, но сè уште не е познато кои правила ќе важат за собирите и патувањата за време на празниците. Тој додаде дека работи на тоа да им се овозможи на луѓето да се состанат за Божиќ.

„ Во време на неволја, времето поминато со најблиските е уште поважно за сите луѓе од каква било вера и за оние кои не веруваат“, рече Џонсон. Но, тој додаде дека треба да се биде внимателен.

„ Вирусот не знае дека е Божиќ и нема да потпише Божиќно примирје“, рече тој.

Џонсон исто така рече дека вакцината ќе се набави веднаш штом ќе биде одобрена. Досега се нарачани 100 милиони дози од Оксфорд вакцината, а вкупно 350 милиони дози.

Покрај тоа, ќе се спроведе масовно тестирање. За оние кои се негативни, ќе се применуваат полабави правила. На пример, тие ќе можат да бидат со други кои се исто така негативни.

Своето обраќање го заклучи со изјава дека земјата треба да вложи последни напори до пролетта кога, според проекциите на научниците, вирусот ќе биде поразен.

Треба да знаете
Последни објави