Search

Борис Џонсон води по првиот круг избори за лидер на конзервативците

Поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон освои најмногу гласови од пратениците на Конзервативната партија во првиот круг од изборите за лидер на владејачката партија, додека тројца кандидати испаднаа од трка.

Џонсон доби 114 гласови на тајното гласање во кое учествуваа повеќе од 300 конзервативни пратеници.

Од друга страна, тројцата кандидати Андреа Лидсом, Марк Харпер и Естер Мек не го преминаа дозволениот праг од 17 гласови, колку што е потребно за останување во трката.

Во вториот круг, покрај Џонсон, се пласираа уште шест кандидати – актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант, министерот за внатрешни работи Саџид Џавид, министерот за животна средина Мајкл Гув, министерот за Брегзит, Доминик Раб, министерот за здравство Мет Хенкок и министерот за меѓународен развој Рори Стјуарт.

Гласањето ќе продолжи следната недела, а на крај ќе се одлучува меѓу двајцата најдобро пласирани кандидата.

Победникот од изборите за наследник на премиерката Тереза Меј ќе биде познат по 22 јуни.

Треба да знаете
Последни објави