Search

Борисов: Оценката на Пендаровски за Софија е како највисока оценка од „Стандард енд пурс“

Се надеваме дека ќе ја видиме Република Северна Македонија и во НАТО и во Европската Унија. И на тоа работиме сите, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по интервјуто на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, за „Бгнес“.

Според Борисов, оценката на Пендаровски за софиската политика кон Скопје е како највисока оценка од „Стандард енд Пурс“.

Тој вели дека Бугарија ѝ помогнала на соседна Северна Македонија.

„И самиот претседател призна дека Бугарија ја извлекла Северн Македонија од изолација. Вложивме големи напори за тоа“, вели Борисов и му се заблагодари на Пендаровски за неговата изјава.

Борисов ја направи споредбата со „Стандард енд пурс“, кредитна агенција која деновиве го крена кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји.

Треба да знаете
Последни објави