Search

Борисов во писмо до Вартоломеј: Примањето во евхаристиското заедништво на христијаните од РСМ е силен знак за европските политичари

Трите влади, раководени од мене вложија напори и постигнавме многу за присоединувањето на државите од Западен Балкан кон Европската Унија. Примањето во евхаристиското заедништво во семјеството на Православните цркви, кое вие го направивте за христијаните од Република Северна Македонија е силен знак и за нас – европските политичари, истакна поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во писмото упатено до вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Имено, Борисов писмото до Вартоломеј го испраќа во знак на извинување бидејќи поради неговите обврски не можел да присуствува на 130-годишнината од поставувањето на камен темелникот на Железната црква „Св Стефан”.

Тој во писмото изразува почит за Вартололеј и вели дека проблемите на денешното општество не се само посочувани, туки и се решаваат со нивните теолошки дела и хуманоста.

– Денес е исклучително важно ние политичарите да се осврнеме кон светите и да разговараме со духовните водичи. Вие сте признаен глобален духовен лидер. Повеќе од три децении вие сте го посветиле вашето служење за општото добро. По крајот на Студената војна, вие ги обновивте и зацврстивте односите меѓу православните цркви, истакнува Борисов во писмото.

Тој, осврнувајќи се на руската инвазија во Украина, пишува дека се моли политичките лидери да ги прифатат божјите зборови искажани од Вартоломеј.

  • – Во денешното време на војна се молам сите луѓе, а најмногу политичките лидери во целиот свет, а особено оние кои географски се на местата каде се страда, со ум и со срце да ги прифатат божјите зборови искажани од вас „ во наша моќ е или да ја зголемиме болката нанаесена на нашиот свет или да придонесеме за нејзино лекување. Изборот е наш! Човечкиот конфликт можеби е неизбежен на овој свет, но војната и насилството не се!, наведува поренешниот бугарски премиер во писмото.                                                        Тој на крајот од писмото го замолува Вартоломеј да упати молитва до Светата Тројца да прекине политичката криза во неговата замја која трае речиси две години.
Треба да знаете
Последни објави