Search

Борисов во официјална посета на САД, ќе бара од Трамп укинување на визите

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов замина во неколкудневна официјална посета на САД, информира БНТ.

Во Белата куќа на 25 ноември, со неговиот домаќин, американскиот претседател Трамп, ќе разговара за стратешкото партнерство меѓу двете земји, начините за зајакнување на заедничките интереси за безбедност и стабилност во Црноморскиот регион, како и за енергетската диверзификација на Бугарија. Борисов ќе побара повлекување на визите за Бугарите, а договорот за купување на Ф-16 и испорака на американски течен гас, ќе бидат меѓу другите теми.

Ова е прва посета на премиерот Борисов на покана на претседателот Трамп. Во 2012 година, Борисов се состана со Барак Обама во Овалната соба, пишува БНТ.

 

Треба да знаете
Последни објави