Search

Борел: Ќе преземеме мерки на реципроцитет против Венецуела

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека одлуката на Венецуела да го протера амбасадорот на ЕУ во Каракас ќе има дипломатски последици, а Унијата ќе преземе „вообичаени неопходни мерки на реципроцитет”.

– Го осудуваме и отфрламе протерувањето на нашиот амбасадор од Каракас, истакна Борел.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро му наложи на амбасадорот на ЕУ во Каракас, Изабел Брилјанте Педрос да ја напушти земјата во рок од 72 часа, а се одлучил на таков потег откако ЕУ воведе санкции за група официјални претставници на Венецуела бидејќи делувале против Конгресот, предводен од опозицијата.

Треба да знаете
Последни објави