Search

Борел: Пандемијата ќе ја забави работата за дијалогот Белград Приштина

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, изрази увереност дека новиот специјален претставник за западниот Балкан ќе му биде од голема помош во решавањето на спорот помеѓу Србија и Косово, но рече дека работата ќе се забави поради пандемијата на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија утрово го одобри поранешниот словачки министер, Мирослав Лајчак, на позицијата специјален претставник на ЕУ за западниот Балкан и за дијалогот Белград – Приштина.

-Мирослав почнува со работа попладнево, не можам да ви кажам кои се плановите за идната недела, потешкотиите со патувањето ќе ги закочи работите, но сигурен сум дека ќе помогне да се рестартира дијалогот, имам целосна доверба дека ќе помогне да се сврти вниманието кон ова прашање, ова е еден од моите приоритети и мораме да имаме напред, можеби не можеме да го решиме спорот меѓу Израел и Палестина, но мораме да бидеме способни да решиме спор од нашето непосредно соседство, изјави Борел на денешната виртуелна прес конференција по Советот за надворешни работи на ЕУ.

Дијалогот помеѓу Србија и Косово е закочен од крајот на 2018 поради поскапувањето на царините од страна на Косово врз српските производи. Царините беа неодамна делумно отстранети од страна на Косово, чекор кој би можел да помогне во рестартирањето.

Борел оцени дека оваа мерка е „добра вест” и дека „ќе помогне”, без повеќе детали за тоа кои ќе бидат првите чекори на Лајчак по ова прашање.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави