Search

Борел замина во дводневна посета на САД

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска отпатува во дводневна посета на САД, каде ќе оствари средба, меѓу другото, со неговиот хомолог Ентони Блинкен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, ќе биде во Вашингтон од 13. до 15 октомври за да разговара за односите помеѓу ЕУ и САД и унапредувањето на трансатлантската агенда, соопштија од неговиот кабинет.

Ова е прва официјална посета на Борел на САД откако во функција е новата американска администрација на Џо Бајден.

– Во разговорите со партнерите од САД, високиот претставник Борел ќе истакне дека силен сојуз помеѓу ЕУ и САД е клучен за справување со глобалните предизвици како што е пандемијата и економското закрепнување, климатските промени, демократското уназадување, како и сочувувањето на заедничките вредности и обезбедувањето на глобалната безбедност и просперитет, вака се најавува од Брисел посетата на првиот човек на ЕУ дипломатијата во САД.

Борел утре ќе остави средба со државниот секретар Ентони Блинкен, со кој ќе разговара за сите големи теми поврзани за надворешната политика и за иницијативите за продлабочување на односите помеѓу ЕУ и САД. Подоцна истиот ден Борел ќе се сретне и со заменичката секретарка за одбрана, Кетлин Хикс. 

Треба да знаете
Последни објави