Search

Борел: ЕУ не е цела без Западен Балкан, изнајдете заеднички основи

Шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ нема да биде цела без Западен Балкан,но ги предупреди земјите од регионот дека ќе можат да напредуваат кон членство само ако се обединети во изнаоѓање на заеднички основи.

Борел во видео-порака по повод дебата во Надворешнополитичкиот одбор на Европски парламент за ситуацијата во Западен Бакан по 25 години од Дејтонскиот договор, истакна оти Договорот е важен за цела Европа.

– По 25 години од потпишувањето на Дејтон, земјите од регионот одлучно се придвижуваат, секоја со својата брзина, кон ЕУ, посочи Борел.

Тој покрај реформските обврски неопходни за напредок на патот кон евроинтеграции, Борел инсистира и на помирување во регионот.

– Помирувањето бара желба, заложби и разбирање. Тоа е порака за БиХ, но и за цел Западен Балкан и за Европа, наведе Борел.

Треба да знаете
Последни објави