Search

Борел: ЕУ мора да развие апетит за моќ

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека владите на земјите-членки на ЕУ мора да бидат подготвени да интервенираат во меѓународните кризи или да ризикуваат да ја продолжат парализата на својата надворешна политика.

– Европа мора да развие апетит за моќ. Треба да бидеме способни да дејствуваме… а не секојдневно да даваме коментари, да изразуваме загриженост, изјави Борел на Минхенска безбедносна конференција, додавајќи дека тоа не значи само воена моќ.

Влијанието на ЕУ во светот е во пад и поради политиката на американскиот претседател Доналд Трамп „Прво Америка”, што ги поткопа европските приоритети. ЕУ е поделена по прашањето за мировниот план за Блиски Исток на Трамп, како и за поморската мисија во Либија, за Венецуела и за други прашања.

– Кога нема едногласност (во ЕУ), преостанатото мнозинство мора да дејствува, посочи Борел

Треба да знаете
Последни објави