Search

Борел: ЕУ го осудува насилството во Белорусија и ќе воведе санкции

Европската унија ја осудува ескалацијата на насилството во Белорусија и ќе воведе санкции потив лицата кои се одговорни за изборните измами и насилството врз мирните демонстранти, изјави синоќа министерот за надворешни работи на ЕУ, Јозеп Борел.

Тој повтори дека ЕУ е решена да воведе санкции против одговорните за насилството, „задушување на мирните протести и фалсификување на изборните резултати”.

Тој додаде дека, доколку е потребно, ЕУ ќе преземе дополнителни ограничувачки мерки, пренесуваат британските медиуми, појаснувајќи дека Борел не прецизирал што тие можат да значат.

-ЕУ ја осудува ескалацијата на насилството во Белорусија и присилното протерување на членовите на опозицијата, што покажува на се поотвореното непочитување на владеењето на правото, рече Борел.

Четворица неименувани дипломати на ЕУ вчера изјавија дека ЕУ ќе го одложат воведувањето санкции кон Белорусија поради спорот меѓу Кипар и Турција околу енергетските ресурси во источниот Медитеранот.

Треба да знаете
Последни објави