Search

Борел: ЕУ ги поддржува преговорите за решавање на кипарското прашање

Европската унија е подготвена да ги поддржи преговорите и да игра активна улога во изнаоѓање трајно решение за кипарското прашање, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел.

– ЕУ е целосно посветена на обединување во рамките на ООН и во согласност со основните принципи на ЕУ, на основа на федерација со сеопфатно решение за кипарскиот проблем и политичка еднаквост со две зони, рече Борел.

Тој истакна дека последните случувања во одамна напуштениот град Вароша се случија во време на отворен дијалог, нагласувајќи дека разговорите за решавање на кипарскиот проблем и повторно обединување на островот мора да започнат наскоро под покровителство на Обединетите нации.

Борел изрази жалење за отворањето на крајбрежјето на затворениот град Вароша во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и изјавите што се косат со принципите на ООН за решавање на кипарскиот проблем.

– Нема алтернатива за сеопфатно решение на кипарскиот проблем, освен врз основа на резолуциите на Советот за безбедност на ООН, рече Борел, осврнувајќи се на делумното отворање на Вароша, затворен 46 години.

Борел истакна дека не треба да се преземаат никакви активности во врска со статутот на Вароша, што не е во согласност со релевантните резолуции на ООН, истакнувајќи дека Турција треба да биде одговорна за создавање амбиент што ќе им помогне на преговорите и ќе даде конкретен придонес.

Напуштениот Вароша во Фамагуста е делумно отворен за јавноста на 8 октомври.

Во градот не било дозволено да се влегува, со исклучок на персоналот на турската армија стациониран во ТРСК.

Кипар е поделен од 1974 година.

Треба да знаете
Последни објави