Search

Борбата против сиромаштијата е приоритет за СДСМ и во време на пандемија

Владата предводена од СДСМ континуирано и посветено креира и реализира мерки и политки за борба против сиромаштијата, за помош на најранливите категории граѓани.

Овие заложби не застанаа ниту во време на пандемијата со коронавирусот, напротив Владата презеде навремени и ефикасни мерки за помош на оние на кои таа им е најпотребна во време на криза.

‪Со третиот пакет економски мерки 309.000 граѓани добија домашни платежни картички, тој број ќе се зголеми за уште ‪283.000 граѓани, со четвриот пакет.

Пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители и пасивни баратели на работа, наскоро ќе добијат домашни платежни картички од по 6.000 денари.

Владата предводена од СДСМ во претходниот мандат работеше на подигнување на животниот стандард и намалување на трошоците за граѓаните, за намалување на стапката на сиромаштија.

Меѓу првите мерки, во 2017 година беше зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 12.500 и нејзино израмнување во сите сектори, вклучувајќи ги и кожарската, текстилната и чевларската индустрија. Сега, минималната плата изнесува 14.500 денари и е за 5.500 денари повисока во однос на 2017 година.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и за прв пат за семејствата со ниски приходи се воведе детски и образовен додадок за еднаков старт за сите деца и за намалување на детската сиромаштија.

Се грижиме и за возрасните. Воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија.

Го решивме статусот на стечајните работници. 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари месечен надоместок до нивно пензионирање.

Низ годините, работевме и на намалување на трошоците за живот на нашите сограѓани. Ја укинавме радиодифузната такса, ја воведовме дневната евтина тарифа на струјата, а оние кои се исклучени, денес повеќе не плаќаат сметки за парно.

СДСМ, како одговорна партија работи во интерес на граѓаните. Носиме и спроведуваме мерки и политики кои имаат за цел искоренување на сиромаштијата.

Продолжуваме уште повеќе со вистинска грижа за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави