Search

Борбата против глобалното затоплување приоритет за израелската влада

Израелската влада денеска соопшти дека борбата против глобалното затоплување ја определила како приоритет во областа на националната безбедност.

Израел најави и инвестиции во зелена енергија.

Пред Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП26), владата на Нафтали Бенет наведе дека усвоила „многу одлуки за промовирање на употребата на чисти возила со ниска содржина на јаглерод”.

Коалициската влада на Бенет постави цел во јуни да ги намали емисиите на стакленички гасови за 27 отсто до 2030 година и за 85 отсто до 2050 година, во споредба со нивото од 2015 година.

Израелскиот премиер ќе учествува на Конференцијата на ОН за климатски промени, која ќе се одржи во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември.

Треба да знаете
Последни објави