Search

Бонучи се сели во ПСЖ?

Се чини дека после само една помината сезона на „Сан Сиро“, Леонардо Бонучи ќе го напушти Милан и ќе се пресели во редовите на париски ПСЖ.

Милан го ангажираше Леонардо Бонучи минатото лето за 40 милиони евра и тој пристигна од Јувентус во Милано како голема ѕвезда. Сепак, проектот на „новиот Милан“ сега се наоѓа во прилично лоша ситуација, а клубот пред неколку дена беше казнет од УЕФА со забрана за настап во европските натпреварувања.

Поради ова, можно е Бонучи по само една сезона да го напушти Милан, а покрај Манчестер Јунајтед како што досега се шпекулираше, сега наводно за неговите услуги се заинтересирани од францускиот шампион ПСЖ.

Наводно од ПСЖ биле подготвени да го ангажираат Бонучи и да му понудат богат договор, но сепак никој не може да му гарантира дека би бил член на стартниот тим на клубот од „Паркот на принцовите“ каде што моментално на стоперските позиции играат Тиаго Силва и Маркињос.

Треба да знаете
Последни објави