Search

Бомба од Италија: Палермо се договорил со клуб од Премиер лигата за Несторовски

Речиси сите поголеми ѕвезди ќе го напуштат тимот на Палермо ова лето откако клубот од Сицилија не успеа експресно да се врати во Серија А.

Меѓу играчите кои први ќе заминат е и нашиот Илија Несторовски за кого постои сериозен интерес од неколку клубови ширум Европа, но и од клубови од Кина.

Зампарини се договорил со неименуван клуб од Премиер лигата за продажба на нашиот интернационалец.

Некои медиуми шпекулираат дека станува збор за тимот на Евертон од каде во Несторовски виделе потенцијална замена за Вејн Руни кој си замина во ДС Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави