Search

Бомба во дворот на Карлеуша: Хаос во населбата Дедиње

Непознат напаѓач фрлил експлозивна направа меѓу луксузната вила на Јелена Карлеуша, пишуваат белградските медиуми.

Полиоцијата дошла на повик од граѓани, а потоа е утврдено дека е фрлена експлозивна направа која оштетила дел од фасадата и внатрешниот дел од дворот на вилата. После тоа се земени и снимките од безбедносните камери , земале и отпечатоци и извештај кој полицијата го испратила во обвинителството.

Бомбата е фрлена во текот на ноќта па јасно е дека напаѓачот со ова сакал да испрати предупредувачка порака, вели изворот.

Полицијата не разговарала со пејачката, но ако истрагата тоа го бара ќе се обави информативен разговор со Јелена.

Пејачката не пријавила во полиција никаква закана или вознемирување, но истрагата се води во сите насоки. Ќе се истражува дали е фрлена поради некои други станари кои живеаат во околината, а тоа се десетина луѓе, вели изворот за српските медиуми.

Полицијата наводно утврдила дека оваа експлозивна направа не е со голема моќ, но можела да повреди ако имало во тој момент. Јелена карлеуша не сакала да ги коментира овие наводи.

Карлеуша на својот профил на Инстаграм демантирала дека бомба е фрлена во нејзината населба.

Треба да знаете
Последни објави