Search

Бомбашот на автобусот на Борусија осуден на 14 години затвор

Човекот кој го нападна автобусот на Борусија Дортмунд со бомба во 2017 година беше прогласен за виновен за 28 обвиненија за обид за убиство и доби 14 години затвор.

Германскиот суд одлучи дека човекот, познат како Сергеј Венерголд, е виновен за нападот на 11 април 2017 година додека германскиот клуб патуваше на мечот од Лигата на шампионите против Монако.

Експлозијата се случи кратко откако тимот го почна патувањето до стадионот „Сигнал Идуна Парк“, а бекот Марк Бартра заврши во болница со скршен зглоб на раката и шрапнел во раката.

29-годишниот Венерголд, германски државјанин со руско потекло, престојувал во тимскиот хотел на Борусија и поставил експлозиви по патот до стадионот. Се шпекулираше дека мотив за нападот е профит – тој вложил 78.000 евра на паѓање на акциите на Борусија Дортмунд, со што ќе заработел неколку милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави