Search

Болт вмешан во масовна тепачка во ноќен клуб

Легендата на атлетиката, Усаин Болт бил вмешан во масовна тепачка во еден ноќен клуб во Лондон, објави „Сан”. Тепачката се случила во барот „The Room”.

Осумкратниот олимписки шампион и петмина негови пријатели влегле во расправа со друга група на луѓе од Источна Европа. Конфликтот се преселил на улиците, а самиот спринтер не се тепал, само се обидувал да ги смири двете страни. За време на тепачката немало сериозно повредени.

Покрај неговите осум златни медали од Олимпијадата, 33-годишниот Болт има 11 први места на Светските првенства. Во текот на неговата тркачка кариера, тој постави осум светски рекорди. Тој во моментов е рекордер на 100 метри (9,58), на 200 метри (19,19) и на 4х100м штафета со Јамајка (36,84).

Треба да знаете
Последни објави