Search

Болтон најави проширување на „црната листа” на Куба

Соединетите Американски Држави на „црната листа” на санкционирани кубански поединци и компании, додаваат уште пет, кои имаат врски со разузнавачките и воените служби на Куба, изјави вчера американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

На листата првпат се најде и кубанската воена авиокомпанија „Аерогавиота”.

Болтон им се обрати на ветераните на неуспешната инвазија на Заливот на свињите во 1961 година и рече дека САД ќе го ограничат секое патување на Куба, кое нема врска со семејни посети, со цел да се спречи „прикриениот туризам”, кој, како што рече, му носи пари на безбедносниот сектор на Куба.

Треба да знаете
Последни објави