Search

Болтон: Вашингтон ја држи отворена вратата за преговори со Иран

Советникот за национална безедност во Белата куќа, Џон Болтон нагласи денеска дека Вашингтон се уште сака да преговара со Техеран и покрај новите санкции за ирански официјални претставници.

– Претседателот ја држи се уште отворена вратата за вистински преговори за целосно елиминирање на нуклеарната воена програма на Иран, на уништување на неговите системи за балистички ракети на поддршката за меѓународен тероризам и други штетни однесувања за светот, изјави Болтон во Ерусалим.

– Иран само треба да влезе во таа отворен врата, додаде тој.

Болтон ја даде изјавата пред почетокот на средбата со колегите од Израел и од Русија – Меир бен Шабат и Николај Патрушев на која фокус ќе бидат Иран и Сирија.

Треба да знаете
Последни објави