Search

Болсонаро позитивен на Ковид-19

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, познат по тоа што ја негира моќта на вирусот Ковид-19 и сероозната зараза ја нарекува обичен грип, денеска излезе позитивен на тестот за коронавирусот.

-Сите знаевме дека порано или подоцна ќе стигне до сите делови од населението. Беше позитивен за мене, рече Болсонаро, осврнувајќи се на резултатите од тестот, пренесува Си-Ен-Ен.

Претходно денеска Болсонаро на своите приврзаници, кои се собраа пред претседателството, им кажа дека ги снимале неговите бели дробови и дека се чисти, но, исто така, луѓето ги предупреди да не му приоѓаат.

Неговата канцеларија соопшти дека тој прима терапија со хидроксихлорокин и азитромицин.

Треба да знаете
Последни објави