Search

Болсонаро: Короната е како дожд, на крајот сите ќе бидат мокри

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е заразен со коронавирусот, ја спореди болеста со дожд, наведувајќи дека на крајот сите ќе бидат мокри.

Болсонаро, кој уште од почетокот на пандемијата ја потценува сериозноста на коронавирусот, нарекувајќи го „мал грип”, рече дека не е изненаден што се заразил.

Тој додаде дека има благи симптоми и оти се чувствува добро, јави Би-Би-Си.

Болсонаро во неделата беше фотографиран без маска на прославата на Денот на независноста во американската Амбасада, а неколку бразилски министри во моментов се во изолација додека чекаат резултати од тест.

Бразил е една од најзагрозените земји во светот, со речиси 1,7 милиони заразени и околу 67.000 починати од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави